Свет 14. декември 2020. / 21:21

Во Канада започнува вакцинирање на здравствените работници

Во Канада започнува вакцинирање на здравствените работници

Канада ја започна кампањата за вакцинирање против Ковид-19 совакцинирање на здравствените работници кои се во првите борбени редови и со тоа стана трета држава во светот која ги користи вакцините на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Првата доза на вакцината ја доби Анита Киданген, вработена во Центарот Рекаи – непрофитен дом за стари лица во Торонто, најголемиот град во Канада.

-Денес навистина направивме пресврт“, рекол докторот Кевин Смит, претседател на Универзитетската здравствена мрежа која го раководи домот за стари лица, откако е вакцинирано првото лице. „Сакам да кажам дека тоа е доза која ќе се чуе низ целиот свет, додал тој.

Повеќе од 60 отсто од смртните случаи од вкупно 13.350 жртви на пандемијата во Канада се потврдени во домовите за стари лица.

Премиерот Џастин Трудо рекол дека први вакцина ќе примат здравствените работници во болниците и домовите за стари.