Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Канада нагло се зголемил по што официјални лица се заканија со казни за граѓаните кои не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на болеста.
Во Канада, до синоќа на полноќ починале 20 луѓе од инфекција предизвикана од корона вирусот, седум повеќе од претходниот ден, соопштија од Отава.
Бројот на потврдени случаи во Канада изнесува 1.430, што е за 331 повеќе отколку претходниот ден. Заразата е проширена во сите 10 канадски провинции.
Отава одреди самоизолација од 14 денови за граѓаните кои се враќаат од странство.
Канада веќе ги затвори своите граници, дозволувајќи само најнеопходно патување. Истовремено, Владата најави пакет мерки од 27 милијарди американски долари за олеснување на ситуацијата на граѓаните и деловните субјекти, најтешко погодени од епидемијата.
Премиерот Џастин Трудо рече дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки.