Во Јужна Америка од почетокот на пандемијата на корона вирусот заразени се околу 110.000 луѓе, од кои 4.900 починале.
Најголем број на заразени и починати има во Бразил, каде што се заразени 38.654 луѓе од кои 2.462 починале. Во Перу инфицирани се 15.628 лица, од кои 400 починале, додека во Чиле се регистрирани 10.088 лица позитивни на Ковид-19 и 133 смртни случаи.
Во Еквадор регистрирани се 9.468 луѓе заразени со новиот корона вирус, од кои 474 починале.