Свет 09. април 2020. / 11:31

Во Јапонија првпат во еден ден има над 500 новозаразени

Во Јапонија првпат во еден ден има над 500 новозаразени

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека вчера, за првпат се регистрирани повеќе од 500 нови случаи за еден ден во земјата. Со тоа, вкупниот број на заразени изнесува 4.768 лица, не вклучувајќи ги стотиците граѓани ставени во карантин од крузер близу Токио, претходно годинава.

Бројот на нови случаи продолжува да расте два дена по ред, откако премиерот Шинзо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и уште шест сериозно погодени префектури и ги замоли луѓето да ги намалат за најмалку 70 проценти физичките контакти.

Воведувањето вонредна состојба му овозможува на гувернерот на Токио Јурико Коике и на уште шест други гувернери на префектури да воведат построги мерки за држење физичка оддалеченост, но без казна за прекршителите. Досега, Коике само го повика населението да остане во своите домови. Сè уште не е побарано да запрат несуштинските бизниси и услуги.

Утрово, во Токио можеше да се забележат голем број луѓе како одат на работа, како и вообичаено, пред кризата со корона вирусот.