Свет 28. декември 2020. / 21:49

Во Јапонија откриен најнов вид на коронавирус, донесен од Јужна Африка

Во Јапонија откриен најнов вид на коронавирус, донесен од Јужна Африка

Во Јапонија е идентификуван уште еден, најнов вид на корона вирус, што е откриен во Јужноафриканската Република.

Како што соопштија од јапонската Влада, ова е првпат овој нов вид на корона вирус да е регистриран во Јапонија, во која веќе се идентификувани повеќе од десет случаи на мутацијата на корона вирусот, што брзо се шири низ Велика Британија.

Министерството за здравство соопшти дека жена од 30-тина години, која пристигнала во Јапонија на 19 декември, била заразена со новата варијанта на вирусот.

Јужноафриканските здравствени власти соопштија дека новиот вид може да биде одговорен за неодамнешното зголемување на бројот на заразени во таа земјаа.

Јапонските власти одлучија од денеска да го забранат влезот за странци во земјата, во обид да спречат ширење на новиот, позаразен вид на корона вирус, што за првпат беше откриен во Велика Британија.