Свет 24. септември 2018. / 18:38

Во Јадранското море се појави едно од најотровните животни на светот

Во Јадранското море се појави едно од најотровните животни на светот

На италијанскиот брег на Јадранското Море, во регионот Пулиа меѓу местата Пескара и Бари, пронајдена е т.н. португалска галија, која спаѓа во групата на најотровни морски животни.

Животното е со латинско име Physalia physalis, кое спаѓа во групата медузи. Живее на површината на водата и достигнува големина од 18 до 30 сантиметри. Убодот предизвикува силна болка, може да доведе со срцев удар и до смрт.

Научниците ги  опоменуваат сите што ќе го видат ова животно, да бегаат што подалеку. Проблемот е во тоа што изгледа атрактивно и луѓето ги привлекува со раскошните бои, особено децата. Пред неколку години во Италија е забележан и смртен случај на жена, која го допирала животното.

До сега ова животно било забележано долж шпанскиот брег и во Франција, а сега се појавува во источните води на Италија. Според научниците, за последните десет години, бројот на овие животни е десетпати зголемен.