Свет 05. мај 2020. / 01:07

Во Израел пронајден лек за Ковид-19

Во Израел пронајден лек за Ковид-19

Израелскиот институт за биолошки истражувања направи значаен успех во пронаоѓањето на лек за корона вирус, објави на својот фејсбук Ариел Булштајн, советник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој објасни дека станува збор за „моноклонално“ антитело (антитело кое е направено од идентични имунолошки клетки кои сите се клонови на единствена матична клетка) кое го напаѓа вирусот и може да го неутрализира во телото на пациентот.

– Постојат извештаи дека фазата на развој на антителото е успешно остварена!, додава тој.