Во јужниот дел на Израел, во близина на Појасот Газа вечерва се слушнаа сирени кои предупредуваат на можноста од опасност од ракетен напад, соопшти израелската армија.
Се уште не е познато дали некоја ракета паднала на израелска територија.
„Ерусалим пост“ објави дека по огласувањето на сирените нема информации за експлозии.