Свет 18. март 2020. / 12:18

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале уште 345 лица!

Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починале уште 345 лица!

Во Италија во последните 24 часа од новиот коронавирус починале уште 345 лица, а бројот на потврдените случаи на зараза се зголеми за 3.526, со што билансот достигна 31.506 луѓе, а на починатите 2.503, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометар“.

Истовремено, во Шпанија во последното деноноќие од Ковид-19 починале 168 лица и со тоа бројот на смртни случаи во земјата достигна вкупно 510. Бројот на регистрирани заболени лица од новиот коронавирус се зголеми за уште 1.400, искачувајќи се на 11.409 инфицирани.