Свет 10. мај 2020. / 11:00

Во Италија тројно е зголемена стапката на смртност од срцев удар

Во Италија тројно е зголемена стапката на смртност од срцев удар

Стапката на смртност од срцев удар во Италија се зголемила за трипати од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа е утврдено врз основа на споредување на податоците од 12 до 19 март во однос на истиот период лани.

Поради страв од вирусот одложени се и интервенциите во 39 отсто од случаите.

Италија е една од земјите најтешко погодени од корона вирусот, со повеќе од 30.000 жртви.