Свет 01. август 2018. / 12:38

Во Италија тревога од највисоко ниво

Во Италија тревога од највисоко ниво

Министрството за здравство на Италија прогласи тревога од трето, највисоко ниво во 18 градови поради големите горшетини.

ANSA наведува дека најлошо се погодени градовите на северна и централна Италија.

Метеоролозите предвидуваат топлотниот бран да трае до првиот викенд во август.

Со жештините расте и потрошувачката на електрична енергија во Италија, па таа достигна 56.400 мегавати, според податоците на Електродистрибуција на Италија.