Наглото зголемување на бројот на сиромашни граѓани во Италија , чиј број изнесува 5,1 милиони , ја натера владата на социјални реформи.
Според програмата за социјална реформа , секој ситомашен граѓанин ќе добива по 280 евра месечно . Популистичката партија ,,5 ѕвезди” , можеби со оваа мерка пред евроизборите се надева на поголема поддршка , додека редовите во поштите покажуваат колкав е навистина бројот на сиромашни .
Денеска министерството за социјална политика ги повика граѓаните дека не мора да се пријават веднаш првиот ден по стапување на сила на мерката , со цел да се избегне метежот во локалните канцеларии и поштите.
Бројот на сиромашни граѓани (оние кои не може да сди ја дозволат потрошувачката кошница) се зголеми на 5,1 милиони , што е за три пати повеќе отколку минатите десет години.
Само оваа година ваквата мерка ќе ја чини владата 7 милијарди евра и со неа ќе бидат опфатени 2,7 милиони луѓе.