Свет 17. октомври 2020. / 18:13

Во Италија рекордни 11.000 новозаразени за 24 часа

Во Италија рекордни 11.000 новозаразени  за 24 часа

Во Италија, во последните 24 часа, регистрирани се рекордни 10.925 нови случаи на зараза со Ковид-19, а починаа 47 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Ова е втор ден по ред да се бележат највисоки бројки на заразени од почетокот на пандемијата.

Италија, во првиот бран од епидемијата пролетоска, беше најтешко погодена земја во Европа, а по бројот на жртви со 36.427 починати е на второ место по Велика Британија, пренесе Ројтерс.