Свет 03. јуни 2020. / 22:46

Во Италија продолжува да се намалува бројот на починати од Ковид-19

Во Италија продолжува да се намалува бројот на починати од Ковид-19

Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија во последното деноноќие се зголеми за 55, што е намалување во однос на ден претходно кога изнесуваше 60.

Како што објави Агенцијата за цивилна заштита, бројот на новозаразени со Ковид-19 се зголемил за 318 во однос на претходниот ден, кога изнесуваше 178.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија е 33.530, со што земјата е на трето место во светот според оваа црна статистика по САД и Велика Британија.

Бројот на заразени со корона вирусот се искачи на вкупно 233.515, што е шести највисок број во светот.

Од 318 новозаразени, 187 се во северниот регион Ломбардија, кој беше најтешко погодено од епидемијата.

Од утре во Италија ќе биде дозволено движење низ целата земја, поради што некои регионални гувернери се плашат дека луѓето од Ломбардија ќе заразат луѓе во други региони.

Од корона вирусот во Италија се излекувале вкупно 160.092 лица, а досега се тестирани 2,477 милиони луѓе.