Свет 22. февруари 2021. / 11:07

Во Италија пред една година се појави првиот случај на коронавирусот

Во Италија пред една година се појави првиот случај на коронавирусот

Пред една година во Италија се појави првиот случај на коронавиусот, кој потоа ја доведе земјата во најголемата здравствена криза во Европа по Втората светска војна.

Италија досега регистрираше 2,8 милиони случаи на коронавирус, а сѐ почна на 20 февруари во Кодоњо, град во Ломбардија со 15.000 жители, каде што лекарите го открија вирусот кај 38-годишен маж. Тоа беше прв потврден случај на коронавирус во западниот свет. Градоначалникот на Кодоњо вчера откри споменик во чест на жртвите на ковид-19.

За една година од ковид-19 починаа 95.000 луѓе. Само Велика Британија има полоши бројки од Италија.

Ковид-19 се појави во Ломбардија и другите северни региони, а вториот бран, што почна есеноска, се прошири низ целата земја. Бројот на нови случаи на зараза останува голем, и покрај бројните рестрикции што ги воведоа властите и на национално и на локално ниво. Моментално се затворени кината, театрите и теретаните, а рестораните и баровите смеат да работат само до рана вечер. Од 22 до пет часот, во целата земја на сила е полициски час.