Свет 11. април 2020. / 19:05

Во Италија повторно се зголемува бројот на заразени и починати од коронавирус

Во Италија повторно се зголемува бројот на заразени и починати од коронавирус

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во еден ден во Италија повторно се зголеми – во изминатите 24 часа има 619 нови смртни случаи, додека вчера беа 570.

Дневниот број на нови случаи е исто така зголемен за 4.694, во однос на 3.951 претходниот ден.

Вкупниот број на смртни случаи достигна 19.468, а заразени се 152.271. Денешниот биланс на состојба на починати е највисок од 6 април. Досега 3.534 лица се опоравиле од Ковид-19 во таа држава.