Свет 25. март 2020. / 10:35

Во Италија постарите од 60 години веќе не ги ставаат на респиратори

Во Италија постарите од 60 години веќе не ги ставаат на респиратори

Гал Пелег, доктор од Израел кој работи во болницата во Парма вели дека добиле упатства постарите од 60 години веќе да не ги ставаат на респиратори.

Тој објаснува дека во неговата болница има малку вештачки бели дробови кои пациентите ги одржуваат во живот и оти мораат да бираат помлад или постар.

Ситуацијата во болницата е катастрофална и не се подобрува. Добивме наредба постарите од 60 години да не ги ставаме на респиратори бидејќи нема за сите. Освен респиратори нема доволно машини ни за CPR и мораме да одлучуваме кои пациенти ќе бидат спасени. И покрај мерките им дозволуваме на пациентите за последен пат да се простат од своите блиски – раскажува докторот од Израел.