Свет 05. април 2020. / 14:45

Во Италија починале 80 лекари, а заразени се 11.225 здравствени работници

Во Италија починале 80 лекари, а заразени се 11.225 здравствени работници

Во последните 24 часа во Италија починале уште двајца лекари, со што вкупниот број лекари жртви на вирусот Ковид-19 се зголеми на осумдесет.

Според најновите податоци на Високиот институт за здравство (ИШ), заразени се вкупно 11.2252 здравствени работници.

Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало многу кои одговорија на повикот на цивилната заштита и иако беа во пензија, се вратија на служба.

Пријавени се и случаи на самоубиства меѓу медицински сестри кои не можеле да го издржат психолошкиот притисок.

Една од главните причини за смртта на лекарите е што тие не беа доволно заштитени во раните фази на епидемијата и честопати беа принудени да интервенираат дури и со голи раце.