Свет 10. април 2020. / 21:09

Во Италија од коронавирус починале 103 лекари и 28 сестри!

Во Италија од коронавирус починале 103 лекари и 28 сестри!

Вкупните броеви за епидемијата на коронавирусот во Италија од почетокот на заразата до денес, зборуваат за 96.877 лица позитивни на коронавирус, 18.279 починати, 28.470 излечени, и се заедно 143.626 случаи од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа починале уште 610 лица, што низок раст во однос на претходниот ден, кога починале 542 лица. Овие податоци сведочат и дека константниот пад на заразата уште не започнал.

И натаму е висок бројот на смртни случаи, а во десет региони, во главно на југот, тој број е помал од 10, рекол претседателот на Високиот институт за Здравство, Франко Локатели.

Во меѓувреме, бројот на починати лекари се зголемува секој ден. Во последните 24 часа вкупниот број на жртви меѓу лекарите пораснал на 103, а на медицинските сестри на 28.

Сто починати колеги. Тоа е рана на кожа за сите доктори. Никогаш не мислевме дека ќе одиме толку далеку. Овие броеви мора да не натераат да размислиме за тоа кој и како треба да не заштити. Семејните лекари минаа најлошо. Останаа сами во борбата против вирусот со голи раце. А ако докторите се разболеле, тоа се случило бидејќи се заразиле при посета на пациенти”, рекол претседателот на Националната Федерација на лекари и стоматолози, Филип Анели.

Според неговите зборови, овој вирус го фатил системот неподготвен и покажал дека е неопходно подобро да се обезбеди заштита на лекарите на работа, а тоа е, како што вели, обврска на државата.

Американското списание Time посветило насловна страна од својот најнов број на јунаците на фронтовите, медицинскиот персонал во борбата против Covid-19.

Тоа се “приказни на храбрите работници кои ги ризикуваат животите за да ги спасат нашите”. А меѓу нив има и Италијанец, Франческо Мекизе, анестезиолог од Равена.

Тој има 42 години, и работи на одделението за интензивна нега, во време на Covid-19, посебно на интубацијата на пациентите, а тоа се моменти во кои сте најмногу изложени на заразата.

Навикнати сме да работиме под притисок, но никогаш не било како сега. Ги имаме сите потребни заштитни уреди, но очигледно сите се плашиме да не бидеме заразени, вели еден од хероите во бел мантил Франческо Менкизе.