Свет 11. ноември 2020. / 11:39

Во Италија над 35.000 новозаразени и 580 смртни случаи од Ковид 19 за 24 часа

Во Италија над 35.000 новозаразени и 580 смртни случаи од Ковид 19 за 24 часа

Во Италија во изминатите 24 часа регистрирани се над 35.000 новозаразени со Ковид-19 и 580 смртни случаи.

Во Ломбардија во изминатото деноноќие пријавени се 11.000 инфицирани луѓе со новиот коронавирус.

Италијанските медиуми објавија дека забрзано се пополнуваат одделенијата за интензивна нега, каде во моментот се згрижени речиси 3.000 пациенти.

Директорот на италијанскиот Висок институт за здравство (ВИЗ), Силвио Брусаферо изјави дека заострените мерки, што се во сила од минатата недела ги даваат првите резултати. Тој истакна дека клучно за да се запре ширењето на заразата е индивидуалното однесување односно придржувањето до основните мерки на заштита – физичка дистанца, избегнување на собири и лична хигиена.