Свет 10. мај 2018. / 10:47

Во Ирак уапсени пет барани лидери на ИД

Во Ирак уапсени пет барани лидери на ИД

Ирачките власти уапсија пет команданти на Исламската држава откако ирачките разузнавачки служби ги намамиле да ја преминат границата од соседна Сирија.

Станува збор за пет команданти кои се меѓу „најбараните лидери“ на оваа екстремистичка организација, јави ирачката државна телевизија.

Тие се идентификувани како Садам ал Џамел, Мохамед ал Кадир, Исмаил ел Еитави, Омар ал Карбули и Есам ал Завбаи, а сите се прикажани во жолти затворски униформи.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади минатиот месец изјави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ против екстремистите кои се наоѓаат во Сирија