Над 200 масовни гробници се откриени на теротиријата на Ирак , која претходно била под контрола на терористите од Исламската Држава, соопштија денеска Обединетите нации.
Во гробниците се закопани телата на илјадници жртви на џихадистите во само четири покраини во близина на границата со Сирија.
Затоа се претпоставува дека бројот од 202 масовни гробници не е конечен. најголем број од жртвите се жени , деца , постари лица , како и припадници на ирачката војска и полицијата.
Се проценува дека во овие гробници се закопани меѓу 6.000 и 12.000 жртви.
До сега ископувања имало во само 28 гробници од каде биле ексхумирани 1.258 тела.