Холандската полиција уапсила еден 58-годишен човек кој со години држел во заточеништво шестчлено семејство.
Како што пренесуваат медиумите, тој изнајмил семејна куќа, на изолирана фарма, каде што ги држел петтемина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко, затворени во една соба девет години.
Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица. Неговиот идентитет не се наведува, освен тоа дека бил од Австрија. Тој ќе биде обвинет за киднапирање.
Како што пренесуваат локалните медиуми, семејството го чекало крајот на светот, живеејќи во изолација на имот кај селото Руинерволда, северна Холандија.
Тие се откриени кога еден нивни член, најверојатно најстариот брат, избегал и побарал помош во ресторанот во близина.
Браќата преживувале хранејќи се со зеленчук и животни што ги одгледувале на имотот.