Свет 10. октомври 2020. / 18:45

Во Холандија регистриран дневен рекорд со 6.500 нови случаи на корона вирус

Во Холандија регистриран дневен рекорд со 6.500 нови случаи на корона вирус

Холандија достигна нов рекорд во секојдневните случаи на корона вирус со речиси 6.500 инфекции за 24 часа, покажаа податоците објавени во саботата.

Владата предупреди дека ќе треба да се воведат нови ограничувања низ целата земја, една од најтешко погодените во вториот бран со Ковид-19 во Европа, ако не се намали бројот на инфекции и приеми во болница овој викенд.