Свет 29. март 2020. / 16:22

Во Холандија бројот на заразени од коронавирус надмина 10 илјади лица

Во Холандија бројот на заразени од коронавирус надмина 10 илјади лица

Во Холандија бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти, додавајќи дека порастот на смртни и хоспитализирани случаи покажува знаци на забавување.

Досега починаа вкупно 771 лице.

Холандскиот Национален институт за здравје (РИВМ) соопшти дека бројот на заразени за 24 часа е зголемен за 1.104, на вкупно 10.866, што е пораст од 11 отсто.

„Како и во претходните денови, бројот на хоспитализирани пациенти и бројот на смртни случаи расте со помала брзина отколку што се очекуваше без спроведените мерки“, соопшти институтот РИВМ.

Сепак, бидејќи се тестираат претежно луѓе кои се многу болни и здравствени работници, вистинскиот број на заразени е веројатно далеку поголем, се додава во соопштението.

Холандската Влада наложи мерки за социјално дистанцирање, ги затвори училиштата и повеќето деловни субјети и забрани јавни собирања.