Свет 13. јули 2018. / 11:05

Во Хелсинки воведени вонредни безбедносни мерки поради средбата Путин – Трамп

Во Хелсинки воведени вонредни безбедносни мерки поради средбата Путин – Трамп

Властите на Хелсинки почнаа да воведуваат вонредни мерки за безбедност пред состанокот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп кој ќе се одржи на 16 јули.

Се предупредува дека може да има затворени улици и промена и доцнење во работата на јавниот транспорт. За јавниот ред и мир во градот се ангажирани две илјади полицајци кои се повикани од сите полициски станици во земјата.

За време на состанокот во Хелсинки се најавени неколку протести за кои локалната полиција била навреме известена