Свет 03. јули 2018. / 21:16

Во Грузија уапсен осомничениот за убиството на рускиот пилот во Сирија

Во Грузија уапсен осомничениот за убиството на рускиот пилот во Сирија

Серкан Куртулуш, човекот кој е осомничен за убиството на рускиот пилот во Сирија е уапсен во Грузија по потерница на Интерпол, пренесуваат грузиските и турските медиуми. Турција веќе побарала негово испорачување.

Куртулуш, кого Русите го опишаа како шеф на мафијашка група, која во ноември 2015 година го убила пилотот Олег Пешков, е уапсен во Тбилиси на 29 јуни и се наоѓа во затвор во грузискиот град Рустав.

Турците веднаш побараа негова екстрадиција, а покрај убиството на рускиот пилот, го товарат и за воспоставување на мафијашка организација во неколку турски градови, за вооружени напади и уцени.

Во ноември 2015 година турски ловци соборија руски Су-24 кај границата со Сирија. Турција тврдеше дека рускиот авион го нарушпил турскиот воздушен простор, а Москва ги отфрли обвинувањата.