Свет 18. април 2020. / 13:30

Во гранатирање на Триполи загинале најмалку четворица цивили

Во гранатирање на Триполи загинале најмалку четворица цивили

Во артилериски напад врз густо населен станбен кварт на престолнината Триполи, што го извеле силите на командантот Калифа Хафтар, загинале најмалку четворица цивили, јавија американските медиуми.

И покрај апелите за прогласување на прекин на огнот за властите да можат да се организираат за адекватен одговор на ширењето на корона вирусот, артилериските напади на силите на командантот Хафтар од тешки артилериски орудија не пекинуваа со часови, дури стануваа се поинтензивни – изјави претставникот на либиското Министерство за здравство Амин ал-Хаџеми..

ОН го осудија интензивирањето на артрилериските напади врз Триполи, а претставникот на  светската организација Стефан Ѓујариќ побара прекин на огнот од хуманитарни причини, за да се спречи ширењето на вирисот.

Гујариќ потсети дека ОН евидентирале 341 цивилна жртва во нападите врз главниот град на Либија, од кои 64 се погинати.