Свет 09. март 2019. / 10:29

Во град во САД избраа коза за градоначалник

Во град во САД избраа коза за градоначалник

Жителите на малиот американски град Феар Хеван во државата Вермонт избраа коза за свој градоначалник.

Козата е 3-годишна и има име – Линколн. Во натпреварот за функцијата беше заедно со 15 кандиадти меѓу кои многу кучиња и мачки.

Сопственик на козата е наставник по математика во градчето со 2.500 жители. Мандатот почнува во вторник и ќе трае една година.

За Линколн гласаа 13 луѓе од вкупно 53 кои излегоа на гласање.

Во пракса, градчето нема вистински градоначалник и го предводи општински управник. На таа функција сега е Џозеф Гантер. Имено, тој одлучил да организира избори на кои би се кандидирале само животни.