Свет 02. април 2020. / 09:41

Во Франција за едно деноноќие има 509 нови смртни случаи со Ковид-19

Во Франција за едно деноноќие има 509 нови смртни случаи со Ковид-19

Во последниот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција стои дека во едно деноноќие има нови 509 смртни случаи, а 6.107 лица се на интензивна нега.

Жером Саломон, генералниот директор за здравство, објави дека од 1 март се регистрирани 4.032 смртни случаи во болниците од коронавирусот, оваа „исклучителна“ епидемија, според зборовите на Саломон, принуди на хоспитализацијата 24.639 лица, од кои 6.017 во сериозна состојба се наоѓаат на интензивна нега.

Тоа е повеќе од почетниот капацитет на Франција за реанимација, забележа Саломон.