Европратеници и членови на националните парламенти на земјите од Западен Балкан ќе одржат денеска разговори во Брисел за процесот на евроинтеграции и за политиката на проширување на ЕУ.
–Парламентарците од Албанија, БиХ, Црна Гора, С. Македонија и Србија, вклучително и лидери на политички и парламентарни групи, ќе ги споделат своите ставови за предизвиците и перспективите на политиката за проширување на ЕУ со европските парламентарци – велат во во Европскиот Парламент.
Тркалезната маса за пристапување на Западен Балкан во ЕУ ќе ја отворат претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и комесарот за проширување Оливер Вархеи.
Тоа ќе биде прва официјална посета на Вархеи на парламентот во Брисел, откако тој беше назначен за комесар.
На пратениците во Европскиот парламент и националните парламенти на земјите од регионот ќе им се обрати и до новоназначениот известувач на ЕП за Западен Балкан, Тонино Пицула.