Свет 31. мај 2018. / 18:30

Во Европа невреме: Цел град без вода за пиење, бурата корнела дрва

Во Европа невреме: Цел град без вода за пиење, бурата корнела дрва

Силно невреме со силен ветер, град и дожд ја погоди синоќа Швајцарија, а најкритично било во Аргау, Цирих и Остшвајц.

Само на подрачјето на Цирих од 18:30 до 23 часот пожарникарите интервенирале 700 пати.

 

Силен ветер рушел стебла, поплавени се патишта и улици, станови и куќи. Авионите доцнеле, некои летови се откажани, а водата е загадена така што низ цел Цирих нема вода за пиење.