Свет 15. мај 2020. / 11:44

Во Европа е незибежно поскапувањето на авиобилетите за околу 50%

Во Европа е незибежно поскапувањето на авиобилетите за околу 50%

Воведувањето на правилото за социјална дистанца во патничките летови, заради заштита од корона вирусот, ќе доведе до намалување на искористеноста на седиштата во авионите за околу 38% и пораст на цените на билетите за околу 43%, особено кај авиокомпаниите од Африка, Северна Америка и Блискиот Исток и за 49% во Европа.

Веднаш по укинувањето на ограничувањата во меѓународните летови, авиокомпаниите од една страна ќе се судрат со намалена побарувачка, непополнети места и евтино горива, а од друга со потребата да биде празно средното седиште и зголемени, строги хигиенски мерки, забележува главниот економист на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, Брајан Пирс.

Според него, доколку авиокомпаниите не ги покачат цените, тогаш ќе се најдат во ситуација да бидат во опасност од испаѓање во пазарната трка.

Пирс забележува дека во современата авијација минималниот процент за пополнување на патничките авиони е 77% за да не биде летот во загуба.

Мерките за социјална дистанца, пак, ќе дозволуваат исполентост на седиштата до 62%.

-Помалку продадени билети значи автоматско зголемување на расходите и нмеопходно зголемување на цената на билетите во зависност од регионот и тоа од 43 до 54% во споредба со 2019 година, вели Пирс.