Свет 11. мај 2020. / 11:27

Во експлозија загинаа тројца членови на ООН, а четворица се повредени

Во експлозија загинаа тројца членови на ООН, а четворица се повредени

Тројца членови на мировните сили на Обединетите нации во Мали загинаа, а четворица беа сериозно повредени кога импровизирана експлозивна направа експлодира за време на рутинска патрола, објавија Обединетите нации.

„Ние ќе ги обединиме сите напори да ги идентификуваме и уапсиме одговорните за овој терористички напад, за да можат да одговараат за сторените злосторства“, се вели во соопштението на Махамат Салех Анадиф, шеф на мисијата на ООН во Мали.

Нападот се случил во северниот регион на Мали, објави „Ројтерс“.