Во голема експлозија и пожар во фабрика за хемиски производи во Кина , загинаа 19 работници.
И покрај преземените мерки за заштита , уште една од низата несреќи се случи во фабиката на најголемиот призводител на хемиски производи во светот.Во експлозијата на компанијата ,, Yibin Hengda Technology” загинаа 19 работници , а 12 се повредени .
Фабриката се наоѓа во индустриска зона во близна на градот Ченгду , во областа Сечуан. Експлозијта и пожарот избувнале ноќеска нешто пред полноќ по локално време .
Според државната агенција Ксинхуа , била поведена истрага . Во фабриката се произведуваат хемикалии за прехрамбената и фармацевтската индустрија .