Свет 17. април 2020. / 12:15

Во ек на пандемија, Болсонаро го разреши министерот за здравство

Во ек на пандемија, Болсонаро го разреши министерот за здравство

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го разреши досегашниот министер за здравство Луис Енреике Мандета и на негово место го постави онкологот Нелсон Теиш.

Популарниот министер за здравство Мандета, соопшти дека Болонаро го разрешил бидејќи ги критикувал неговите постапки за време на корона-кризата.

Болсонаро, кој постојано ги критикува мерките за физичка дистанца, изјави дека Мандета никогаш не пристапувал кон прашањето на невработеноста како што требало. Мандета заговараше мерки за изолација за спречување на ширењето на епидемијата.

Набрзо по објавата за смената во Министерството за здравство, жителите на неколку бразилски градови, незадоволството го изразија со удирање во тенџериња и тави од своите прозорци и балкони.