Без огледа на тоа што Џо Бајден победи на претседателските избори, одлуката за тоа кој ќе го држи Сенатот ќе биде донесена утре кога ќе бидат оджани повторените избори во државата Џорџија. Моменталната состојба во Сенатот е многу тесна – 50 места освоија републиканците, а демократите 48.
На изборите за Сенатот во ноември никој не победи во Џорџија поради тоа што ниту еден кандидат не ги освои потребните 50 отсто од гласовите.
Сенаторот Дејвид Перду во ноември освои повеќе гласови во однос на противкандидатот, но не и потребната полоција, додека во втората трка, во рамки на специјализираните избори, двајца републикански кандидати, вклучувајќи ја и сенаторката Кели Лафлер, ги поделија гласовите и завршија зад демократот Рафаел Ворној, кој не освои половина.
Georgia, be proud. Jon Ossoff was Jon AWESOME in this clip. @FoxNews asks loaded questions, #FoxNews gets loaded answers. #KKKelly #KKKLoeffler #Georgia #Ossoff #morningjoe https://t.co/F8YxzTleHs
— Georgia On My Mind. You Can Do This! (@VermontFarmboy1) December 31, 2020
За изборите во Џорџија владее голем интерес и кај двете водечки партии во Америка кои вложија големи материјални средства за да победат. Исто така, на актуелниот претседател Доналд Трамп многу му е важно да ги победи демократите во Сенатот. Угледниот „Форбс“ проценува дека до 5 јануари ќе бидат вложени дури 500 милиони долари за изборите во Џорџија.
Со оглед на тоашто резултатот е тесен и што секоја од 50-те држави дава по два сенатори во горниот дом на Конгресот, на демократите им се потребни двете победи за да биде 50:50. Доколку биде нерешено, одлучувачкиот глас ќе го даде потпретседателот на Америка, а тоа во овој случај е потпретседателката од редовите на демократите Камала Харис, па нема сомнеж кому би му припаднал сенатот.
Сенатот е горниот дом на американскиот Конгрес, кој заедно со претставничкиот (долниот) дом, го сочинува законодавното тело на САД.
Претставничкиот дом го задржаа демократите, победувајќи ги републиканците со резултат 222:211.
Важноста на Сенатот се гледа во тоа што има неколку важни овластувања како што се ратификации на меѓународни договори, кофирмација на Кабинетот на САД, Врховниот суд, судиите, амбасадорите, поради што Сенатот се смета за поважно и попрестижно тело од Претставничкиот дом.
Ако демократите победат во Џорџија, дополнителни две места би им дале ефикасна контрола, а на Бајден многу поголема шанса да ги протурка опсежните закони за животна средина, здравствена заштита и економија кој ги предложи во текот на својата кампања. Исто така значително би му го олеснило именувањето на админастративни службеници и сојузни судии по негов избор.