Свет 22. мај 2020. / 13:34

Во Дубаи 70 проценти од компаниите предвидуваат затворање во рок од шест месеци поради пандемијата

Во Дубаи 70 проценти од компаниите предвидуваат затворање во рок од шест месеци поради пандемијата

Неверојатни 70 проценти од компаниите во Дубаи очекуваат да стават катанец на врата во Наредните шест месеци поради пандемијата.

Наметнатите ограничувања на фирмите ја уништиле побарувачката, покажува истражувањето кое го објави Стопанската комора на Дубаи.

Комората анкетирала 1.228 генерални директори во бројни сектори помеѓу 16. и 22. април, за време на најригорозните мерки за ограничување на движењето на луѓето, а речиси  три четвртини од анкетираните биле компании со помалку од 20 вработени, пренесува ЦНБЦ.