Данските власти донесоа одлука со која до 1 септември се забрануваат собири на кои има повеќе од 500 луѓе , соопшти данското Министерство за здравство.
Соопштението е спротивно со извештаите на медиумите во кои се истакнуваше дека данската Влада ќе дозволи поголеми собири од 10 мај.
Во моментов, во Данска на сила е мерка што овозможува собирање до десет луѓе.
Бројот на заразени со корона вирусот во Данска изнесува 7.695 лица. Од нив починати се 364, а оздравеле 4.312 луѓе.