Свет 07. август 2018. / 11:03

Во Чикаго црн викенд – за само 48 часа, 11 мртви и 70 повредени

Во Чикаго црн викенд – за само 48 часа, 11 мртви и 70 повредени

За време на изминатиот викенд во Чикаго, град трет по големина во САД, најмалку 11 лица загинаа, а околу 70 беа ранети, соопшти полицијата.

Според информациите во медиумите најмногу жртви имали во неделата, се посочува дека лошиот црн биланс во градот е резултат на вооружени пресметки помеѓу банди.

Според тамошните медиуми, осум лица се повредени во последната престрелка во јужниот дел од градот.