Свет 04. мај 2018. / 10:23

Во Чешка е произведен агенсот со кој отруен Скрипал?

Во Чешка е произведен агенсот со кој отруен Скрипал?

Војската на Чешка го развила и тестирала нервниот агенс Новичок, изјавил претседателот на таа држава, Милош Земан.

Тој својата изјава ја засновал на извештајот на воената разузнавачка агенција, било објавено на сајтот “iDENES.cz”. Земан добил и друг извештај од цивилната Безбедносно-информативна служба – BIS, според кој не станува збор за “Новичок”.

Земан, цитирајќи го извештајот на BIS во кој било наведено дека во ноември минатата година во воено истражувачкиот институт при министерството за одбрана во Брно бил тестиран нервниот отров познат како “A230”, како и дека количината на тој отров била релативно мала и дека тој по тестирањето бил уништен, но дека не се работело за новичок.

Земан, меѓутоа, го уважил мислењето на воената разузнавачка служба, која според неговите зборови, е подобро запознаена со информациите за производството на “Новичок”.

Чешкиот претседател рекол дека неговиот заклучок е дека во Чешка е произведен и тестиран отровот, во мали количини, а потоа е уништен.

“Ние знаеме кога и каде се случило тоа и лицемерно е да се преправаме дека ништо не се случило”, рекол тој. Земан навел дека не се распрашувал за причините на истражување, но дека се знае дека тоа е сопрено и не е продолжено.

Чешка ги отфрлила наводите на Русија, дека отровот, со кој во Солисбери бил отруен поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал, можеби е произведен во Чешка. Сепак, Земан побарал од “BIS” да направи извештај по повод руските обвиненија.