Свет 29. август 2018. / 14:41

Во централниот дел на Мјанмар пукна брана – над 50 илјади луѓе се евакуирани

Во централниот дел на Мјанмар пукна брана – над 50 илјади луѓе се евакуирани

Над 50 000 луѓе се евакуирани од нивните домови во централниот дел на Мјанмар, откако пукна брана што предизвикало поплави во многу околни села и населби, а главниот автопат исто така е затворен, објавија двајца официјални претставници.

Пожарникарски екипи се испратени на браната Свар, откако таа пукнала синоќа и го поплавила истоимениот град во близина, како и околните села.

Голем број луѓе, вклучувајќи и такви за кои нема реална закана од поплавите, одлучиле да ги напуштат своите домови поради стравувањата од зголемување на нивото на водата, објаснил претставник на службата за природни катастрофи во Мјанмар, која не сакал да биде именуван.

Дванаесет илјади домаќинства или вкупно 54 илјади луѓе се раселени, изјавил друг претставник од службата за помош и населување.