Свет 30. март 2020. / 15:29

Во Централ парк во Њујорк се поставува монтажна болница за пациенти со корона вирус

Во Централ парк  во Њујорк се поставува монтажна болница за пациенти со корона вирус

Во Централ парк во Њујорк почна да поставува голема монтажна болница за пациенти заразени со корона вирус.

Оваа болница ќе биде сместена на источната страна на паркот, која гледа кон болницата „Маунт Синај“. Планот е во неа да има 14 шатори, а ќе има и оддел за интензивна нега со респиратори. За пациентите ќе се грижи тим од лекари и медицински сестри, кој им помагал на заразените лица од ебола во Западна Африка, но и на сириските бегалци во Ирак и на погодените од земјотресот во Еквадор, пишува „Њујорк пост“.

Очекувањата се болницата уште утре да биде подготвена да прими пациенти заболени со корона вирус, а кои во градот ги има 33.776.

САД, кои имаат 320 милиони население, досега имаат 142.196 заразени со корона вирус, од кои веќе починале 2.479 луѓе. Најмногу позитивни на вирусот Ковид-19 во САД има во сојузната држава Њујорк и тој број надминува 50.000 луѓе.

Во градот ќе пристигне и воен брод-болница, на кој има илјада кревети и неколку операциони сали. Освен тоа градските власти процениле дека наскоро ќе им бидат потребни и 140.000 кревети, заштитна опрема, респиратори и медицински персонал.

Градочалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави дека 5 април ќе биде „Денот Д“ за градот.