Свет 26. јули 2020. / 11:08

Во Бразил четири дена по ред има по повеќе од 50.000 новозаразени

Во Бразил четири дена по ред има по повеќе од 50.000 новозаразени

Четврти ден по ред во Бразил пријавува по повеќе од 50.000 нови случаи на заразени со корона вирус.

Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 51.114 нови заразени, со што вкупниот број на заболени сега изнесува 2,39 милиона лица.

Според министерството, изминатава недела во земјката е евидентиран рекорден број новозаразени, 321.623.

Во последните 24 часа се регистрирани и 1.211 смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 86.449 лица.