Австриската влада во намерата да ги заостри мерките во борбата против илегалната миграција, се одлучила за возилата да ги затворите сите помали гранични премини кон Унгарија.
Во покраината Бургенланд ќе бидат затворени околу 40 помали гранични премини за патнички возила, камиони и мотори.
Се очекува со затворувањето на граничните премини сообраќајот да се пренасочи кон подобро контролираните, големи премини со Унгарија.
Со уредбата се предвидува повеќе од 40 помали гранични премини во иднина да можат да се поминуваат само пеш, со велосипед, трактор или на коњ.
На тие гранични премини веќе се поставени ознаки за забрана, а тој што ќе ги прекрши ќе мора да плати казна до 2.190 евра.
Со оваа мерка и жителите на пограничните места, доколку сакаат со автомобилите во соседна Унгарија, ќе мораат да користат еден од 20 поголеми гранични премини, на кои постои контрола при влезот во Австрија, што ќе предизвика големи гужви.