Свет 09. август 2020. / 16:03

Во Белорусија до 14 часот гласале преку 65 отсто од избирачите

Во Белорусија до 14 часот гласале преку 65 отсто од избирачите

На претседателските избори во Белорусија до 14 часот излегоа на гласање 65,19 проценти од гласачите, изјави заменик-претседателот на Централната изборна комисија, Владимир Ипатов.

Како што прецизира, одѕивот по региони е најнизок во Минск – 52,03 проценти, а највисок во регионот Гомел – 75,83 проценти, пренесува агенцијата ТАСС.

Белорусија денеска одржува претседателски избори, на кои граѓаните избираат од петмина кандидати, вклучувајќи го и актуелниот претседател Александар Лукашенко.