Свет 21. април 2020. / 14:11

Во Белгија паѓаат бројките на хоспитализирани и на смртни случаи од Ковид-19

Во Белгија паѓаат бројките на хоспитализирани и на смртни случаи од Ковид-19

Белгискиот кризен штаб за справување со епидемијата на корона вирусот соопшти дека во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 172 пациенти со дијагноза на Ковид-19 и дека веќе неколку дена бројот на нови хоспитализирани останува под 200.

Сличен тренд на намалување бележи и бројот на починати. Во последните 24 часа починале 170 лица. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во Белгија сега изнесува 5.998 лица.

Направени се нови 5.214 тестови од кои 973 се позитивни.

Епидемиолозите од кризниот штаб информираат дека вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Белгија изнесува 40.946.

Белгиската влада сега подготвува излез од рестриктивните мерки, со почеток од трети мај, доколку до тогаш остане ситуацијата стабилна.