Членовите на специјалната единица на шпанската морнарица денеска деактивирале бомба оставена од шпанската граѓанска војна, која викендов била пронајдена во морето кај една од најпопуларните плажи во Барселона.
Плажата Сан Себастијан поради тоа вчера беше евакуирана. Бомбата со 70 килограми ТНТ, која е пронајдена на 25 метри од крајбрежјето, безбедно е деактивирана. Полицијата навела дека бомбата е од 1963-та година, од почетокот на тригодишната шпанска граѓанска војна, пренесува АР.