Свет 23. јули 2018. / 21:55

Во автосалон доставени 30 кг кокаин

Во автосалон доставени 30 кг кокаин

Во еден автомобил што бил доставен во автосалон во Њујорк, САД, пронајдени се 30 кг кокаин вреден милион долари.

На човекот кој го презел автомобилот му се закануваат тужби за трговија со дрога, навеедува Ројтерс.

Тој во моментот е во притвор, каде ќе му биде доделен адвокат и судија ќе одлучи дали ќе му одреди кауција.

Автомобилот пристигнал на 19 јули, а обвинителот Џејмс Кенеди вели дека возилото веднаш станало сомнително, по што е сопрено, а под гепекот најдена е дрогата.