Свет 05. април 2020. / 01:01

Во Австрија за првпат во еден ден има повеќе оздравени од новозаразени

Во Австрија за првпат во еден ден има повеќе оздравени од новозаразени

За првпат по избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во Австрија е пријавен поголем број луѓе кои се излекувале во однос на тој на новозаразени.

Во минатото денониќие се пријавени 354 нови заразени, додека во истиот период, според Министерството за здравство, од вирусот биле излекувани 485 лица.

Вкупниот број на излекувани сега достигна 2.507, а вкупниот број на заразени изнесува 11.713.